петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

СЗО: На светот му требаат повеќе вакцини од ветените дози на самитот на Г7

СЗО: На светот му требаат повеќе вакцини од ветените дози на самитот на Г7

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО) ги поздрави најавите од самитот на Групата седум најразвиени индустриски земји (Г7) за обезбедување вакцини против коронавирусот, но истакна дека на светот му требаат многу повеќе вакцини и дека тие треба побрзо да пристигнат.

-Им кажав на лидерите на Г7 дека нашиот предизвик е – за навистина да може да се запре пандемијата до следниот самит на Г7 следната година во Германија мора да вакцинираме најмалку 70 проценти од светската популација, изјави директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус пред новинарите на самитот во југозападна Англија. (МИА)

Коронавирус