недела, 20. септември 2020. Вести денес: 32
home Вести

СЗО: На пандемијата ќе ѝ дојде крајот во моментот кога ќе научиме да живееме со неа

СЗО: На пандемијата ќе ѝ дојде крајот во моментот кога ќе научиме да живееме со неа

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека очекува пораст на бројот на починати од ковид-19 во Европа во текот на октомври и ноември и дека тие месеци ќе бидат „многу тешки“ во однос на епидемијата.

„Ќе стане многу потешко. Во октомври и ноември ќе имаме пораст на стапката на смртност“, рече Ханс Клуге, директор на европскиот разгранок на СЗО.

Бројот на заразени во Европа во моментов е во пораст, но дневниот број на жртви е релативно стабилен.

Високиот функционер на СЗО за Европа, со седиште во Копенхаген, исто така ги предупредува оние што сметаат дека наоѓањето на вакцината ќе ѝ стави крај на епидемијата.

„Цело време слушам луѓе како велат дека вакцината ќе значи крај за епидемијата. Секако дека не“, рече Клуге.

Тој објасни дека никој сè уште не знае дали вакцината ќе биде ефективна за целата светска популација.

Коронавирус