вторник, 11. август 2020. Вести денес: 137
home Вести

СЗО: Маларијата зема замав во Венецуела

СЗО: Маларијата зема замав во Венецуела

Маларија брзо се шири во Венецуела, каде има 406.000 случаи во 2017 година, што е за 69 отсто повеќе отколку претходната година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Организацијата наведе дека бројот на заразени е за петпати поголем отколку во 2013 година.

Мигранти од Венецуела, кои заминуваат од земјата пораки економската и општествена криза, ја пренесуваат болеста во Бразил и други делови на Јужна Америка, соопшти СЗО и побара од властите да обезбедат бесплатно лекување без оглад на статусот, а со цел да се запре натамошно ширење на болеста.

– Во Јужна и Северна Америка, не само во Венецуела, имаме извештаи за пораст на болеста, изјави директорот на програмата за борба против глобална маларија при СЗО Педро Алонсо.

МИА

Коронавирус