вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 145
home Вести

СЗО: Ковид-19 се шири со алармантнa брзина со наближување на зимата

СЗО: Ковид-19 се шири со алармантнa брзина со наближување на зимата

Светската здравствена организација предупреди дека Ковид-19 се шири со алармантно висока брзина во делови на северната хемисфера, неколку месеци пред зимската сезона на грип.

– Почнуваме да гледаме вознемирувачки трендови во некои држави, изјави Марија ван Керхов, водечки технички експерт за Ковид-19 при СЗО, на презентацијата преку социјалните мрежи.

– Гледаме зголемување на бројот на луѓе примени во болници, оние кои се примени на интензивна нега, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои држави во САД. Ова е загрижувачки бидејќи сезоната на грип се уште не е почната, нагласи таа.

– Во неколку земји, расте бројот на примени лица во болница на возраст меѓу 15 и 49 години заразени со Ковид-19, додаде Ван Керч.

Мајк Рајан, раководител на програмата за итни случаи на Светската здравствена организација, ги советуваше луѓето со висок ризик да заболат од Ковид-19, да се вакцинираат против грип.

Коронавирус