петок, 4. декември 2020. Вести денес: 153
home Вести

СЗО: Компликациите од Ковид-19 кај децата се ретки

СЗО: Компликациите од Ковид-19 кај децата се ретки

Повеќето деца кои се позитивни на новиот коронавирус, имаат благи симптоми и се опоравуваат целосно, но многу мал број развиваат редок инфламаторен синдром во некои држави, изјави Мајкл Рајан, директор на програмата на СЗО за управување со итни случаи.

Рајан ја коментираше изјавата на британските научници, дека Ковид-19 може да предизвика во некои случаи Кавасаки синдром кај децата. Тоа е ретко заболување, што се карактеризира со отекување на жлездите, осип на кожата и воспаление на крвните садови.

– Ова е ретка компликација, Ние внимателни ги следиме сите тенденции, истакна Рајан и ги повика сите држави да собираат информации за вакви случаи.

Врската помеѓу Ковид-19 и кластери на ретка воспалителна болест кај децата, ја испитувале британски и италијански лекари.

Три новороденчиња во САД се лекуваат од редок воспалителен синдром, сличен на оној во Велика Британија и Италија, а слични случаи има и во Шпанија.

Коронавирус