понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 180
home Вести

СЗО ќе разгледува одобрување на две кинески вакцини

СЗО ќе разгледува одобрување на две кинески вакцини

Светската здравствена организација следната недела ќе почне да ја разгледува можноста за одобрување за итна употреба на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошничката на генералниот директор на СЗО, Маријанџела Симао.

Симао исто така рече дека СЗО размислува да издаде одобрение за итна употреба за вакцините на АстраЗенека, произведени во Јужна Кореја и Индија.

Кина потпиша договори за извоз на милиони дози вакцини развиени од нејзините компании Синофарм и Синовак.

Коронавирус