недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 88
home Вести

СЗО ја одобри вакцината Синофарм за итна употреба

СЗО ја одобри вакцината Синофарм за итна употреба

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител на лекови Синофарм.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Исто така, СЗО за првпат одобри за итна употреба на кинеска вакцина против заразна болест.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека препораката е вакцинацијата со вакцината Синофарм да се врши во две дози, за сите постари од 18 години.

Фактот дека вакцината на Синофарм е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

– Ова го проширува списокот на вакцини кои Ковакс може да ги купи и ја зголемува довербата на земјите да го забрзаат одобрувањето на сопствените регулатори и да ја увезат и дадат вакцината, рече Тедрос на конференција во Женева.

Глобалната алијанса за вакцинација (ГАВИ), кој управува со програмата Ковакс, ја поздрави одлуката на СЗО.

– Ова значи дека имаме уште едно безбедно и ефикасно средство во борбата против пандемијата, се вели во соопштението на Алијансата.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против Ковид-19 кои ги развија Фајзер/Бионтек, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.

ЕУРО 2020

Македонија