сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

СЗО ја одобри вакцината на АстраЗенака и Универзитетот Оксфорд

СЗО ја одобри вакцината на АстраЗенака и Универзитетот Оксфорд

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри вакцината на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд за итна употреба.

Во соопштението на СЗО е наведено дека вакцината произведена од AstraZeneca-SKBio (од Јужна Кореја) и Институтот за серум од Индија е одобрена, објави Ројтерс.

„Сега ги имаме на располагање сите делови за брза дистрибуција на вакцините. Но, сепак мора да го зголемиме производството“, рече Тедрос Аданом Гебрејезус, генерален директор на СЗО.

Вакцината е одобрена неколку дена откако панелот на СЗО обезбедил привремени препораки, велејќи дека на возрасните мора да им се дадат две дози во интервали од околу осум до 12 недели и исто така може да се користат во земји со јужноафриканска варијанта.

Одобрението на вакцината на AstraZeneca и Oxford е поздравено затоа што е поевтина и полесно се дистрибуира од некои други вакцини, вклучувајќи ја вакцината на Pfizer / BioNTek.

ЕУРО 2020

Македонија