четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 209
home Вести

СЗО: Испорачана милијардитата вакцина од програмата Ковакс

СЗО: Испорачана милијардитата вакцина од програмата Ковакс

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека досега има испорачани една милијарда дози во рамките на програмата Ковакс.

Од СЗО предупредуваат дека оваа бројка треба да биде пресвртницата и „потсетник за тоа колку останува да се направи“, по акумулацијата на залихите на вакцини во богатите земји, пренесуваат американските медиуми.

СЗО прецизираше дека во вчерашната испорака на 1,1 милион дози вакцини за Руанда беше вклучена и милијардитата доза испорачана преку програмата Ковакс.

Во соопоштението на СЗО се наведува дека во рамките на програмата Ковакс, досега вакцини се испорачани во 144 земји, „но тоа е само потсетник за тоа колку уште треба да се направи“.

СЗО долго време ја критикуваше нееднаквата дистрибуција на вакцините и ги повика и производителите и земјите да и дадат приоритет на програмата Ковакс.

Коронавирус