среда, 2. декември 2020. Вести денес: 200
home Вести

СЗО ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање за Ковид-19

СЗО ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање за Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање како најдобар начин да ја забават пандемијата на вирусот Ковид-19.

-Имаме едноставна порака за сите земји – тест, тест, тест, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

– Без тестирање, случаите не можат да бидат изолирани и синџирот на инфекција нема да биде „разбиен“, додаде тој. (МИА)

Коронавирус