четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 4
home Вести

СЗО: Четири милиони нови случаи со коронавирус за само една недела, најмногу од почетокот на пандемијата

СЗО: Четири милиони нови случаи со коронавирус за само една недела, најмногу од почетокот на пандемијата

Во изминатите седум дена со коронавирус во светот се заразиле повеќе од четири милиони лица, што е највисока бројка за една недела од почетокот на пандемијата, соопшти СЗО.

СЗО соопшти дека во последната недела со коронавирус се заразени точно 4.060.891 лица, и дека во истиот период умреле 67.221 пациент, пренесе Тасс.

Една недела претходно, потврдени беа 3.977.223 нови заболени лица и 59.699 смртни случаи.

СЗО, меѓутоа, верува дека податоците за претходната недела укажуваат на забавување на ширењето на пандемијата.

СЗО забележува дека тренд на опаѓање на бројот на нови инфекции е забележан во Европа и Југоисточна Азија, додека ширењето на вирусот е зголемено во Северна и Јужна Америка, со зголемување на бројот на смртни случаи од Ковид-19.

Во периодот од 16 до 22 ноември, најголемо зголемување на бројот на нови случаи е потврдено во Европа – околу 1,7 милиони, со над 32.600 смртни случаи. Северна и Јужна Америка регистрирале над 1,6 милиони нови случаи на Ковид-19 и речиси 22.000 смртни случаи за време на посочениот период. Во Југоисточна Азија, во изминатите седум дена се заразени 351.000 луѓе, а бројот на смртни случаи е зголемен за 4.700.

Коронавирус