среда, 2. декември 2020. Вести денес: 62
home Вести

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во Европа се зголеми за 15 отсто

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во Европа се зголеми за 15 отсто

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Европа се зголеми за 15 проценти во последните седум дена, а бројот на смртни случаи за 18 проценти. Ова го изјави денеска директорот на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, на неделниот интернет-брифинг на организацијата.

– Бројот на заразени (со Ковид-19) во Европа, се зголеми за 15 проценти во последните седум дена, и сега изнесува 1.408 266. Стапката на морталитет се зголеми за 18 проценти во истиот период… 129.344 лица починаа“, нагласи Клуге.

Според Клуге, европскиот регион моментно опфаќа 46 отсто од сите заразени во светот и 63 отсто од смртните случаи.

Тој рече дека благодарение на мерките преземени во голем број западноевропски земји, „бројот на нови случаи е намален“. Сепак, во источниот дел на регионот – во Белорусија, Русија, Казахстан и Украина – бројот на заразени е зголемен во последната недела. Ситуацијата се стабилизира во Турција, истакна директорот на СЗО за Европа.

Коронавирус