понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 44
home Вести

СЗО: Британската мутација на коронавирусот присутна во 70 земји

СЗО: Британската мутација на коронавирусот присутна во 70 земји

Бројот на земји и територии во кои е присутна новата мутација на коронавирусот откриена во Велика Британија се зголеми на 70, односно за десет земји повеќе отколку на 12 јануари, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, мутацијата на новиот коронавирус откриена во Јужна Африка, која, како и британската, се шири побрзо од SARS-CoV-2, исто така, продолжува да се шири и во други земји и сега е присутна во 31 земја и територија.

Бразилската мутација сега е присутна во вкупно осум земји.

Во тек се истражувањата низ целиот свет за да се утврди зошто мутацијата откриена во Велика Британија е позаразна.

СЗО соопшти дека варијантите на вирусот се различни верзии на оригиналниот вирус кои се појавуваат со текот на времето поради различни мутации.

Организацијата додаде дека ова е нормална појава за вируси.

Коронавирус