сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 8
home Вести

СЗО: Борбата против маларијата е во застој

СЗО: Борбата против маларијата е во застој

Маларијата е болест од која и понатаму секоја година заболуваат милиони луѓе и од чии последици животи губат околу 400.000 луѓе, претежно деца во Африка, најмногу затоа што борбата против инфекцијата е во застој, соопшти Светската здравствена организација.

СЗО предупреди дека се собираат средства против таа болест, од која едно дете умира на секои две минути, без пораст и дека половина од светската популација е под ризик да се зарази со маларија.

Тие ги повикуваат донаторите земји и влади на државите кои се најпогодени од таа болест предизвикана од комарци да ја засилат својата борба против неа.

„Светот покажа дека може да се постигне напредок. Но, напредокот значително забави“, рече експертот на СЗО за маларија Педро Алонсо.

Тој ја потврди својата изјава со податоци на СЗО, според кои бројот на заболени од маларија се намали од 239 милиони во 2010 година на 214 милиони во 2015 година.

Бројот на смртни случаи се намали од 607.000 во 2010 година на 500.000 во 2019 година.