вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

СЗО бара да се вакцинираат 5 милијарди луѓе на планетата

СЗО бара да се вакцинираат 5 милијарди луѓе на планетата

Приближно 60 до 70 отсто од светската популација (7,8 милијарди луѓе) треба да се вакцинира за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија лидерите на Светската здравствена организација (СЗО).

Стапката била утврдена врз основа на неколку студии, изјави Кетрин О’Брајан, шеф на одделот за вакцинација на СЗО, на прес-конференција во Женева.

Меѓутоа, таа нагласила дека вистински потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна откако ќе се знае повеќе за вакцините кои се тестирани досега.

Еден од главните експерти на СЗО, Мајк Рајан, рекол дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот би требало да овозможи „значителна контрола над вирусот следната година“.

Коронавирус