сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 6
home Вести

СЗО: 90 отсто од земјите во светот имаат нарушени основни здравствени услуги

СЗО: 90 отсто од земјите во светот имаат нарушени основни здравствени услуги

Поради пандемијата на новиот коронавирус повеќе од 90 отсто од земјите во светот имаат нарушени основни здравствени услуги, покажа истражување на Светската здравствена организација.

Во истражувањето биле вклучени податоци од повеќе од 105 земји.

Според студијата, влијанието на Ковид-19 врз основните здравствени услуги предизвикува голема загриженост.

Меѓу најзагрозените услуги се програмите за рутинска вакцинација, програмите за планирање семејство и дијагностицирање и лекување на разни форми на рак. Работата на итната служба е загрозена и нарушена во речиси една четвртина од земјите опфатени во истражувањето.

Коронавирус