недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Свингери завршиле голи на улица: Тргнале во жешка акција, а потоа за малку ќе настрадале

Свингери завршиле голи на улица: Тргнале во жешка акција, а потоа за малку ќе настрадале

Полуголите гости во свингерскиот клуб се нашле на улица во Германија, бидејќи објектот во кој биле бил евакуиран.

Во саботата на 2 ноември околу 21 часот Итната помош примила повик, а свингерите панично рекле дека пронашле едно лице без свест во една од просториите на клубот.

Кога пристигнале спасувачите, било утврдено дека во просторијата се наоѓа голема количина јаглерод моноксид.

Спасувачките служби од таа причина ја евакуирале цела зграда, односно 350 луѓе.

Гостите веднаш биле оддалечени од клубот и им била укажана медицинска помош. Вкупно биле хоспитализирани седум лица.

Евакуираните свингери морале надвор да го чекаат крајот на операцијата надвор, и тоа обвиткани во крпи. Останатите гости биле згрижени и прегледани во автобуси и шатори.

Уште не е јасно како јаглерод-моноксидот протекол во свингерскиот клуб.

– Сите мерења на пожарната служба беа негативни – рекле спасувачите.

Снабдувачите и оџачарите сега ја бараат причината за протекувањето. На самото место имало вкупно 100 спасувачки тимови.

Коронавирус