сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Светските политичари и научници со критики кон Кина поради криење на текот на пандемијата

Светските политичари и научници со критики кон Кина поради криење на текот на пандемијата

Повеќе од сто политичари, научници и активисти од Европа, Австралија и САД го потпишаа отвореното писмо со кое се критикува Комунистичка партија на Кина поради криење на обемот на епидемијата со новиот коронавирус во Вухан.

Писмото, денеска објавено во „Хонг Конг фри прес“ (Hong Kong Free Press) укажуваа на култура на стравот, поради што се криеле клучните информации за борбата против Ковид-19.

Потписниците на писмото, меѓу кои има пратеници, членови на невладини организации и универзитетски професори, истакнуваат дека „изворот на пандемијата е во криењето на комунистичките власти во Вухан, во покраината Хубеи“.

Тие го наведуваат дека замолчувањето на „свиркачите“ директно придонесе за ширење на епидемијата. Потписниците го наведуваат случајот со лекарот Ли Венлианг, кој почина од последици од новиот коронавирус.

– Глобалната пандемија не принуди да се соочиме со болната вистина, политизирање на сите аспекти на животот, вклучително и здравјето на луѓето, долготрајната автократска еднопартиска власт во Народна Република Кина ги загрози сите, се наведува во отвореното писмо.

Потписниците ги пофалија поединци кои ја критикуваат Комунистичка партија на Кина, меѓу кои има и новинари, од кои некои исчезнаа или се во куќен притвор.

На почетокот од април повеќе од сто кинески научници потпишаа отворено писмо наменето за „големиот број критички гласови, кои ја политизираат пандемијата со Ковид-19“. Научниците блиски до кинеската власт тврдат дека е „неважен“ точниот извор за ширење на вирусот, како и дека фокусирањето на потеклото на Ковид-19 е „вперување на прст и политизација“.

Коронавирус