четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 149
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември

Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември

Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември поради пандемијата со новиот коронавирус. Така одлучи Генералното собрание на Светската организација.

Годишната средба на високо ниво беше разгледувана како недела за одбележување на 75-годишнината на таа органзиација, но генералниот секретар Антонио Гутереш во мај предложи лидерите да испратат видео изјави поради можни проблеми со патувањето, за што членките се согласија

„Секоја држава-членка, држава набљудувач и Европската унија можат да достават претходно снимена изјава од шеф на државата, заменик претседател, шеф на Владата, министер или заменик-претседател, за да се емитува во салата на Генералното собрание по воведувањето на физички присутен претставник“, се наведува во одлуката.

Стотици настани се случуваат и на маргините на дебатата во ОН, но претседателот на Генералното собрание Тијани Мухамед-Банде ги охрабрува земјите во писмото „да ги преместат сите споредни настани на виртуелни платформи за да се ограничи бројот на луѓе во зградата на ОН“.

Коронавирус