вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Вести

Светски познат инфектолог открива: Дали ракавиците нè штитат од корона вирусот?

Носењето на ракавици нема да не заштити од корона вирусот затоа што даваат лажно чувство на сигурност, предупредуваат експертите.
Светски познат инфектолог открива: Дали ракавиците нè штитат од корона вирусот?

Др Алисон Бартлет, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Чикаго, изјавила дека ракавиците не се ништо друго освен лажно чувство на сигурност.

Иако СЗО предупредува дека редовното миење на раце е најдобар начин да се запре ширењето на вирусот, многу луѓе почнаа да носат и ракавици сметајќи дека така ќе го намалат ризикот од пренесување.

Меѓутоа, др Бартлет смета дека тоа е бесмислено затоа што вирусот може да преживее и на ракавици, ако со нив допирате валкани површини.

Таа додава дека посебно е опасно вадењето на ракавици затоа што додека се вади ракавицата од едната рака,  слободна рака може лесно да ја допре другата ракавица.

Од друга страна, др Бартлет истакнува дека употребата на ракавици од страна на пошироката јавност би можело да доведе до преголемо трошење на залихите за лекарите.

И СЗО, но и многу други Центари за контрола и превенција на болести, предупредуваат дека ракавиците „не штитат нужно од корона вирусот и можат да доведат до ширење на вирусот“.

Коронавирус