вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 206
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче

home Вести

Светски популарната туристичка дестинација се отвора за странските туристи

Светски популарната туристичка дестинација се отвора за странските туристи

Светски познатата туристичка дестинација на Индонезија – островот Бали полека се отвора за странските туристи. Од денеска, целосно вакцинирани посетители од 19 земји, вклучително и Кина, Индија и Франција, може да го посетат Бали, но петдневен карантин во хотелот е задолжителен.

Засега нема меѓународни летови, а властите го затворија меѓународниот аеродром во април лани, поради коронавирусот.

Во јули годинава, Индонезија стана жариште на Ковид-19 во Азија, но дневниот број на нови заразени е значително намален. Бали е меѓу областите со највисок процент вакцинирано население во земјата – над 82 отсто од луѓето на островот се целосно вакцинирани.

Откако беше објавен списокот земји од кои луѓето може да дојдат на Бали, почнаа подготовките на хотелите, рестораните и други стопански гранки. Во нормални услови, островот бележи шест милиони странски гости.

Локални избори 2021