недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Светски гиганти затвораат продавници ширум светот

Светски гиганти затвораат продавници ширум светот

Познатиот британски моден бренд Бурбери ќе ја затвори секоја десетта продавница во светот, додека една од најпопуларните хај-стрит компании Топшоп, објави дека планира да ги затвори сите свои продавници во САД.

Бурбери имаше голем број деловни неуспеси, како што е пад на приходите од продажба, но исто така и губење на кинескиот пазар, а сега го подига својот бизнис на ново ниво. Тој луксузен бренд, со ново раководство и дизајнери, ќе понуди супер луксузни производи и ќе се приближи до конкурентите како што се Гучи и Диор. Покрај затворањето на продавниците, според Гардијан, некои од нив ќе бидат трансформирани во луксузни дестинации за најбогатите, а во нив треба да се најдат нови дизајнирани производи кои ќе чинат повеќе од 2.000 фунти. Како дел од новата стратегија, оваа 100-годишна модна компанија досега ја затвори вратата за своите продавници во Бразил и Шпанија.

Сопственикот на групата Аркадија, во чија сопственост е Топшоп, рече дека затворањето на сите продавници во САД е „тешка, но неопходна одлука” и дека тие во моментов се борат со „менување на навиките на потрошувачите и силна конкуренција на онлајн продавници”. Топшоп моментно е во долгови од 179 милиони долари, а неодамна поднесе барање за заштита во случај на стечај.

Освен во САД, 23 продавници на Топшоп ќе бидат затворени и во Велика Британија и Ирска, но нивната облека се уште ќе може да се купи онлајн.

Коронавирус