вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Светска банка помага за надминување на последиците од пандемијата

Светска банка помага за надминување на последиците од пандемијата

Светска банка денеска го одобри првичниот глобален пакет од 1,9 милијарди американски долари за надминување на кризата предизвикана од пандемија на вирусот што 25 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и оние во Европа и Централна Азија, ќе можат да го примат и користат по итна постапка.

Покрај тоа, како што одлучи Одборот на директори на Светска банка, неколку земји добиваат поддршка од главниот глобален кредитор преку други средства за финансирање, вклучително и предвремено повлекување или реструктуирање на постојни проекти и кредити.

„Земјите ширум Европа и Централна Азија, како и во другите делови на светот, се соочуваат со вонредна здравствена ситуација што има непосредни социјални и економски импликации и каква не е видена во скоро минато“, рече потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Кирил Милер.

Според Банката, повеќе од десет земји ширум Европа и Централна Азија моментално разговараат за проекти со Светската банка за ублажување и решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19.

Коронавирус