Екатерина Карагланова, руската модна блогерка е пронајдена мртва во изнајмениот стан во Москва. Нејзиното голо тело било во куфер.
Екатерина, 24- годишна девојка која одела на училиште за дерматолог е убиена, откако некој и го пресекол вратот во Москва.
Според полицијата таа имала неколку убодни рани, а нејзиното тело е најдено во куфер.
Нејзиниот Инстаграм профил го следат 80.000 луѓе.
Нејзините родители се загрижиле откако Екатерина не им враќала на пораките и на телефонските повици, па ги замолиле соседите да влезат во нејзиниот стан и да видат дали е се во ред.
Кога вегле, во станот го пронашле голото тело во куфер.
Полицијата го испитува нејзиниот љубовен живот, а засега е познато дека расикала со 33- годишното момче и почнала врска со постар маж со кого планирала да оди за Холандија.
Нејзиното тело е пронајдено пет дена подоцна.