четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Светот го нарече “херој“, а тој е монструозен убиец (ФОТО)

Светот го нарече “херој“, а тој е монструозен убиец (ФОТО)

Џејмс Форд, еден од сведоците на терористичкиот напад, и самиот е убиец кој е осуден на доживотна затворска казна.

Форд во 2003 ја убил Аманда Чемпион, а за време на инцидентот на лондонскиот мост бил на еднодневен отпуст од затвор.

Форд се обидувал да спаси една од жртвите и да го разоружа Усман Кан, терористот кој го извршил нападот. Претходно тој бил на конференција „Учиме заедно“, посветена на рехабилитација на затворениците.

На таа конференција бил и Кан, кога се заканил дека ќе ја „крене зградата во воздух“, пренесува Индипендент.

„Тој е убиец на еднодневен отпуст за што ние како фамилија на убиената не бевме известени. Тој уби девојка со ментално пореметување. Тој не е херој, не ме интересира што направил на мостот“, рекла Анџела Кокс, роднина на убиената Аманда.

Аманда Чемпион била пронајдена во 2003 година со пресечен врат, три недели откако исчезнала. Форд бил уапсен подоцна и го признал убиството, но никогаш не изнел причина заради која го сторил тоа.