петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 119
home Вести

Свештеник протеран од службата затоа што неговата сопруга победила на Мис на сексуалност (ВИДЕО)

Свештеник протеран од службата затоа што неговата сопруга победила на Мис на сексуалност (ВИДЕО)

Рускиот свештеник Сергеј Зотов е исфрлен од служба во Православната катедрала во Магнитигорск и префрлен во зафрлено село, откако неговата сопруга Оксана победила на натпреварот Мис на сексуалност.

На свештеникот му рекле дека неговата сопруга направила невиден скандал, а ќе се врати на служба во катедралата само доколку Оксана се покае за гревовите.

Зотов рекол дека сопругата знае каде згрешила , но атрактивната мисица не сака јавно да се покае и смета дека нема ништо лошо во изборите на убавина.