вторник, 26. март 2019. Вести денес: 0
home Вести

Свештеник педофил пронајден мртов во својата куќа: Тврдењето на соседите е шокантно (ВИДЕО)

Свештеник педофил пронајден мртов во својата куќа: Тврдењето на соседите е шокантно (ВИДЕО)

Свештеникот и педофил Џон Капарели (70) е убиен во својата куќа во Невада под сомнителни околности, а како што се дознава, изнајмувал машки проститутки.

Капарели бил обвинет дека сексуално злоставувал најмалку двајца малолетници во период од 1970-та до 1980-та година, кога работел во Њу Џерзи, а минатиот месец се појавил на листата на свештеници педофили.

Сосетката на свештеникот, Марта Ловато, на полицијата ѝ изјавила дека верува дека неговото убиство било испланирано и дека е убиен поради одмазда.

Уште еден сосед, Џон Ди Анџело, верува дека свештеникот бил убиен уште минатата среда, на 6-ти март, бидејќи тој ден не се појавил на закажаната вечера.

Ди Анџело додава дека пријателот дошол да провери што се случува со Капарели и повикал полиција. Полицијата провалила во домот на Капарели и го нашла неговото безживотно тело. Ди Анџело рекол дека таа среда бил цел ден дома и дека не слушнал никакво пукање.

Полицијата не сака да даде никакви детали за убиството. Роднина на свештеникот го идентификувал телото во мртовечница два дена откако бил пронајден мртов. Повеќето жртви на Капарели наведуваат дека ги терал да се „борат“ во бикини и притоа ги фотографирал.

Капарели предавал математика на универзитетот Ситон хол, а студентите го оценувале како најлошиот професор по математика на сите времиња.

„Фаворизира неколку ученици, а на нас останатите ни рече да платиме дополнителни часови“, пишува во една од рецензиите.

Еден студент во 2008-ма година нагласил дека за одлична оценка по неговиот предмет „мора да биде избран за ‘борење’. Тој е срам за оваа институција, како професор и како човек“, напишал студентот.