среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 75
home Вести

Свештеници во Гдањск палеле книги во кои има зли сили

Свештеници во Гдањск палеле книги во кои има зли сили

Свештениците од католичката парохија во Гдањск, во северна Полска, палеа книги, вклучувајќи и серија книги за волшебникот Хари Потер и други работи за кои нивните сопственици тврдат дека во нив има зли сили.

Католичката фондација, која користи неконвенционални методи во верската работа, објави фотографии на Фејсбук и наведе дека палењето на книгите треба да ги предупреди припадниците на парохијата на лошите влијанија „кои доаѓаат од магиите“.

Во коментарите на Фејсбук се осудува палењето на книгите и притоа се потсетува дека тоа се случувало во нацистичка Германија пред Втората светска војна.

Коронавирус