петок, 22. февруари 2019. Вести денес: 140
home Вести

Сведоштво на преживеана во пожарот во Париз: Од осми спрат скокав низ балкони за да се спасам

Сведоштво на преживеана во пожарот во Париз: Од осми спрат скокав низ балкони за да се спасам

Десетмина загинаа, а едно лице е тешко повредено во пожарот што избувна во зграда во Париз.

Полесно се повредени 25 лица, меѓу кои и шестмина пожарникари. Пожарот избувна во осумкатница и дури утрово е ставен под контрола. Властите водат криминална истрага, а една жена е уапсена како осомничена за подметнување на пожарот.

Над 50 луѓе биле спасени од зградата во пламен, а една од преживеаните раскажува како се спасила.

Вели дека се вика Клер и кога се огласил алармот, веќе се било преполно со чад.

Клер живеела на осмиот кат на зградата, па раскажува дека прескокнувала преку балкони за да се спаси.