четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Суспендирани повеќе од 11.000 академици и наставници, во Мјанмар протестирале против владејачката хунта

Суспендирани повеќе од 11.000 академици и наставници, во Мјанмар протестирале против владејачката хунта

Повеќе од 11.000 академици и друг универзитетски персонал кои се против владејачката воена хунта во Мјанмар се суспендирани по штрајкот во знак на протест против военото владеење, изјавија група наставници за светските агенции.

Суспензиите следеа откако повторно се отворија универзитетите, кои беа затворени една година поради епидемијата на коронавирусот, што предизвика нови судири меѓу армијата и универзитетскиот персонал и студентите, кои повикуваат на бојкот поради воениот преврат на 1 февруари.

До денес се суспендирани 11.000 припадници на академски и друг персонал на универзитети и колеџи, изјави претставник на мјанмарската федерација на учители.

Мјанмар во 2018 година имал повеќе од 26.000 наставници на универзитетите и другите високообразовни институции, покажуваат најновите податоци на Светската банка.

Студентите и наставниците беа на чело на опозицијата за време на речиси половина век воена власт, и беа истакнати во протестите откако армијата ја уапси избраната премиерка Аунг Сан Су Чи и ги запре демократските реформи кои траеја една деценија. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија