среда, 5. август 2020. Вести денес: 180
home Вести

Суспендирана одлуката за воведување карантин за дел од Шпанија

Суспендирана одлуката за воведување карантин за дел од Шпанија

Шпанското правосудство денеска ја укина одлуката за повторно воведување карантин за населението во Леида и околината.

Воведувањето карантин беше наложено во неделата од страна на локалните власти на провинцијата Каталонија, поради ширењето на коронавирусот.

„Судот на Леида одлучи да не ги потврди мерките преземени од локалните власти затоа што тие се спротивни на законот“, соопшти Високиот суд на Каталонија.

Оваа одлука за суспендирање на карантинот може да биде обжалена.

Локалните власти наредија 200.000 жители да бидат ставени во карантин од полноќ во недела, поради повторното ширење на коронавирусот во тој дел од земјата.

По наглото опаѓање на бројот на заразени и починати во Шпанија, која беше една од најпогодените земји во Европа со повеќе од 28.400 смртни случаи, повторно се појавија жаришта на коронавирусот.

Коронавирус