вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 23
home Вести

Сулејмани идентификуван по прстенот, нападот извршен со дрон

Сулејмани идентификуван по прстенот, нападот извршен со дрон

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, кој беше убиен утрово во американски воздушен напад во Ирак, е идентификуван по прстен на раката бидејќи неговото тело било разнесено, изјави неименуван ирачки политичар за американски медиуми.

Висок ирачки службеник за безбедност изјави дека нападот бил извршен со дрон недалеку од карго-зоната на аеродромот, откако Сулејмани излегол од авионот и му се придружил на Абу Махди ал-Мухандис, командант на проиранските ирачки сили ПМФ и други во автомобили.

Двајца официјални претставници на ПМФ соопштија дека телото на Сулејмани е распарчено во експлозијата и дека не го пронашле телото на Ал-Мухандис.

Седум други лица загинаа во конвојот, меѓу кои и зетот на Сулејмани, објави „Билд“.

Коронавирус