четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 14
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Судски извори: Франција обвини 18-годишно момче поради заговор за напад во име на ИД

Судски извори: Франција обвини 18-годишно момче поради заговор за напад во име на ИД

Француските власти обвинија 18-годишно момче под сомнение дека планирал да изврши терористички напад со нож во име на џихадистите на Исламска држава, јавија денеска француски медиуми повикувајќи се на судски извори.

Првичните истраги покажаа дека тој планирал да изврши терористички напад „во име на ИД, на која и ветил верност“, нагласил изворот, кој побарал да остане анонимен.

Тој додал дека момчето било приведено во регионот Дром, југоисточна Франција, и обвинет во Париз.

Коронавирус