среда, 22. мај 2019. Вести денес: 0
home Вести

Судска одлука од која ќе се шокирате: Секс со жена е основно човеково право на секој маж

Судска одлука од која ќе се шокирате: Секс со жена е основно човеково право на секој маж

Еден маж поднесе жалба на претходна судска одлука со која му се забрануваат сексуални односи со 20-годишната сопруга затоа што поради ментални пречки таа веќе не може да даде согласност за тоа.

На судот за заштита во Лондон, додека се разгледувал случајот со жената која има ослабени когнитивни способности, дошло до сериозни несогласувања.

Судијата Хејден рекол дека „сексот со жена е основно човеково право на секој маж“, во врска со жалбата што ја поднел еден маж, пишува „Гардијан“.

Тој поднел жалба на претходна одлука на судот со која му се забрануваат сексуални односи со 20-годишната сопруга затоа што поради ментални пречки таа повеќе не може да даде согласност. Судиите тогаш нагласиле дека со таква одлука спречуваат можност жената да се смета за силувана.

Многу активисти за човекови права ја коментираа изјавата на судијата Хејден истакнувајќи дека тоа е „легитимизација на мизогинија и омраза кон жените“.

– Не постои закон кој му дава можност на мажот да инсистира на секс, ако нема согласност – тоа е силување, напиша на Твитер лабуристичкиот пратеник Тангам Дебонир. (МИА)