четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 211
home Вести

Судот во Москва ја потврди пресудата на Навални

Судот во Москва ја потврди пресудата на Навални

Судот во Москва денеска по разгледувањето ја одби жалбата на пресудата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Најостриот критичар на Кремљ е осуден на две години и осум месеци затвор поради прекршување на условната казна, а сега се соочува и со судење за клевета на ветеран од Втората светска војна.

Руските власти претходно го одбија барањето на Европскиот суд за човекови права за ослободување на Навални, оценувајќи дека нема „правна основа“ и претставува „грубо мешање“ во внатрешните работи на Русија.

Европскиот суд за човекови права го испрати барањето, нагласувајќи дека постои опасност по животот на Навални.

Навални е уапсен на 17 јануари по враќањето во Русија од Германија, каде престојуваше подолг период поради лекување од труењето со нервен агенс. Неговото апсење предизвика протести во Русија, кои завршија со апсење на околу 11.000 демонстранти. (МИА)

Локални избори 2021