сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 89
home Вести

Судот наложи укинување на полицискиот час во Холандија воведен поради Ковид-19

Судот наложи укинување на полицискиот час во Холандија воведен поради Ковид-19

Холандскиот суд денеска и наложи на Владата веднаш да го укине ноќниот полициски час воведен поради спречување на ширењето на коронавирусот во земјата, донесувајќи одлука дека за тоа нема соодветни правни основи.

– Полицискиот час се заснова врз законот за вонредни ситуации, кога нема време за расправа во Парламентот. Во овој случај немало такви итни потреби. Далекусежни мерки како оваа мора да се темелат врз соодветни закони, нагласи судот.

Судот соопшти дека Владата не објаснила зошто е толку потребен полицискиот час во оваа фаза на пандемијата, имајќи предвид дека стапката на зараза во Холандија била веќе во опаѓање пред да стапи мерката во сила.

Холандската Влада е под притисок по воведувањето на полицискиот час на 23 јануари, од 21 до 04:30 часот, што предизвика најбурни протести во земјата во последните 40 години. Минатата недела мерката беше продолжена до 3 март.

Локални избори 2021