среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 76
home Вести

Судот на ОН им наложи на САД да ублажат некои санкции кон Иран

Судот на ОН им наложи на САД да ублажат некои санкции кон Иран

Врховниот суд на ОН им наложи на САД да ги ублажат оние санкции кон Иран, кои се однесуваат на увоз на хуманитарна помош и производи и услуги поврзани со безбедноста на цивилното воздухопловство.

Во привремената одлука, судот наведе дека Вашингтон мора „по сопствен избор да ги отстрани препреките кои произлегуваат од повторното воведување санкции врз извозот на медицински апарати, храна, земјоделски производи и резервни делови и опрема потребни за безбедноста на цивилното воздухопловство“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај донесе одлука повторно да воведе санкции кон Иран, откако САД се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор.