сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 56
home Вести

Судот на ЕУ му го одзеде европратеничкиот имунитет на Пучдемонт

Судот на ЕУ му го одзеде европратеничкиот имунитет на Пучдемонт

Европскиот суд на правдата му го одзеде имунитетот на поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемонт како европратеник, објави весникот „Ла Вангуардија“.

Во март годинава, Европскиот парламент им го укина пратеничкиот имунитет на поранешниот лидер на Каталонија и на уште двајца каталонски политичари, но на почетокот на јуни, потпретседателот на Судот на ЕУ ја суспендираше времено таквата одлука.

Пучдемон беше премиер на Каталонија во периодот кога се спроведе референдумот за независност на автономниот регион во 2017 година. Тој подоцна избега во Белгија. За време на изборите за Европарламент во 2019 година, Пучдемон беше избран за европратеник, но властите во Шпанија побараа од ЕП да му го одземе имунитетот, бидејќи е распишана потерница за негово апсење.

Судските власти во Шпанија бараат Пучдемон да биде екстрадиран и да му се суди за поттикнување немири и проневера.

Коронавирус