четврток, 6. август 2020. Вести денес: 174
home Вести

Судот ја стопира контроверзната американска воена мисија во Колумбија

Судот ја стопира контроверзната американска воена мисија во Колумбија

Судот во Колумбија нареди суспендирање на четиримесечната американска воена мисија во земјата, се додека колумбискито Сенат не одобри.

Во текот на неделата 48 американски војници пристигнаа во Колумбија за да им помогнат на тамошните безбедносни сили во борбата против илегалната трговија со дрога.

Колумбискиот министер за одбрана Карлос Холмес Трухило во понеделникот изјави дека 52 американски војници ќе ја обучуваат колумбиската армија во борба против дрогата, но нема да учествуваат во воени операции.

Но, Трухило беше повикан пред колумбискиот Сенат да објасни зошто за американската мисија не се консултира со Конгресот.

Судот побара од колумбискиот претседател Иван Дуке да му ги испрати на Сенатот „сите информации за влезот, пристигнувањето и престојот“ на американските војници во Колумбија.

Владата соопшти дека присуството на американските војници е дел од воената соработка на Колумбија со САД.

Критичарите истакнуваат дека Вашингтон би можел да ја искористи колумбиската територија за да изврши напади против Венецуела.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвинува венецуелскиот претседател Николас Мадуро за трговија со кокаин, и на почетокот од годината испрати воени бродови на Карибите за „антинаркотични операции“.

Коронавирус