среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 74
home Вести

Судир на два катарски воени авиони, пилотите спасени со катапултирање

Судир на два катарски воени авиони, пилотите спасени со катапултирање

Два катарски воени авиони се судриле, но пилотите успеале безбедно да се катапултираат, соопшти денеска катарското Министерство за одбрана, пренсува ДПА.

До судирот дошло за време на тренинг лет и пилотите успеале да се спасат со катапултирање од нивните кабини, наведува министерството во соопштение.

Министерството за одбрана, меѓутоа, нe објаснува кога или каде се случил инцидентот, пренесува ДПА.