Јужнокорејски судија соопшти дека поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хе е виновна за злоупотреба на службена положба и принуда.
Случајот против Парк се одвива во централниот окружен суд во Сеул. Обвинителите побараа 30 години затвор за Парк, а пресудата за поранешната претседателка дополнително ќе биде соопштена.
Парк Геун-хе беше уапсена во март 2017 година и од тогаш се наоѓа во притвор во близина на Сеул. Таа беше отстранета од власт на почетокот од минатата година, по неколкумесечни масовни протести против неа, во кои учествуваа милиони луѓе.