недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 35
home Вести

Судија блокираше одлука на Бајден

Судија блокираше одлука на Бајден

Американскиот сојузен судија Дру Типтон привремено го блокира обидот на претседателот Џо Бајден привремено да ја стопира депортацијата на имигрантите од САД.

Судијата Типтон од јужниот округ на Тексас, именуван од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, издаде привремена забрана од 14 дена со која се блокира предлогот на Бајден. Судијата претходно го оспори предлогот во Тексас.

Во образложението на Типтон се наведува дека администрацијатра на Бајден не „пружила никакво конкретно, разумно оправдание за стодневната пауза во депортациите.

Се очекува администрацијата на Бајден да ја обжали пресудата на Типтон.

Бајден во текот на предизборната кампања вети дека ќе воведе стодневен мораториум на депортациите ако биде избран.

Администрацијата на Бајден предлага промени за имиграцијата, вклучително и план за легализација на околу 11 милиони имигранти кои живеат во САД без документи.

Коронавирус