недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Судан: Над 60 загинати во поплави

Судан: Над 60 загинати во поплави

Во поплавите што последните два месеца го погодија Судан загинаа најмалку 62 лица.

Обилните дождови погодија 17 од 18 судански провинции, при штоп се поплавени најмалку 35.750 куќи, од кои две третини се целосно уништени.

Во поплавите угинаа над 3.600 домашни животни, а големи површини обработливо земјиште се под вода.
Надојдената вода ги уништи патиштата посебно во јужните предградија на главниот град на Судан, Картум.

За справување со последиците од поплавите ангажирана е армијата на Судан.

МИА

Коронавирус