среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 107
home Вести

Суд го суспендираше претседателот на Молдавија

Суд го суспендираше претседателот на Молдавија
epa06115230 President of Moldova Igor Dodon gestures during a media briefing on the visit of Russian Deputy Prime Minister Dmitry Rogozin at the State Residence in Chisinau, Moldova, 28 July 2017. Russian Deputy Prime Minister Dmitry Rogozin's visit to Moldova was cancelled when Romanian authorities prevented his flight from entering Romanian airspace enroute to Moldova. Rogozin is part of a 'blacklist' of Russian diplomats who have a travel ban in the EU. EPA/STR

Уставниот суд на Молдавија привремено го суспендира претседателот Игор Додон да ја извршува својата функција поради одбивање да именува нови министри.

Таа одлука уследи откако Додон, инаку проруски настроен, одби да ги именува министрите за здравство и земјоделство, бидејќи, според него, тие ги немаат „неопходните вештини“.

Судот наведува дека претседателот на Собранието или премиерот ќе бидат овластени да потпишат декрет за именување на двајцата министри.

Портпаролот на Додан, Максим Лебединчи го обвини судот дека е „инструмент во политичката битка“.

Додон е во судир со владејачката коалиција, која фаворизира блиски односи со САД и ЕУ.

Тоа е веќе четврти пат Додон да добие суспендирање на правото за извршување функција, бидејќи одбиваше да ги одобри предложени кандидати за министри или потпише закони донесени во Парламентот. (МИА)

Коронавирус