среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Студија: Поради Ковид-19 1,5 милиони деца изгубија родител или старател

Студија: Поради Ковид-19 1,5 милиони деца изгубија родител или старател

Околу 1,5 милиони деца ширум светот изгубиле барем еден родител или старател во пандемијата на Ковид-19 во периодот од март 2020 година до април годинава, според ново истражување.

Тим истражувачи предводени од Сет Флаксман од Империјал колеџ во Лондон дојдоа до оваа бројка создавајќи математички модели користејќи податоци за наталитетот и смртноста од корона вирусот.

Бидејќи податоците не се целосни за сите места, таа бројка е само проценка и веројатно е многу поголема, напишаа научниците.

Бројот на деца кои изгубиле еден или двајцата родители поради пандемија е особено голем во споредба со населението во Јужна Африка, Мексико, Бразил и Колумбија.

Вкупно, бројот на деца кои ги изгубиле своите татковци е пет пати поголем од бројот на деца кои ги изгубиле своите мајки.

Студијата е објавена во медицинското списание „Лансет“

Коронавирус