среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Студија: Легализација на проституцијата намалува насилства и болести

Студија: Легализација на проституцијата намалува насилства и болести

Проститутките во држави во кои проституцијата е илегална почесто се соочени со насилства и зарази од полови болести и ХИВ, објавија експерти повикувајќи на легализација на проституцијата.

Меѓународен тим експерти анализирале влијание на разни закони за проституцијата, во прва таква студија досега, и нагласуваат дека репресивната политика зголемува ризик за сигурноста и здравјето.

– Таму каде се сите или некои аспекти на проституцијата криминализирани, стравот од апсење на нив или нивни клиенти значи дека често набрзина бираат клиенти, вели Луси Плат главна авторка на студијата.

Стравот од полицијата значи дека проститутките имаа малку време за преговори за видот на услугата и да завршат со работа во зафрлени подрачја, додава Плат, професорка на лондонската Школа за хигиена и тропска медицина.

– Поради тоа се изложени и на кражби и насилства, додава таа.

Студијата објавена во списанието ПЛОС Медисин, анализирала податоци од 130 истражувања во 33 држави, од Британија до Уганда објавени во научни магазини од 1990 до 2018 година.

Тие установиле дека проститутките кои се соочени со полициска сила, апсење или притвор, трипати почесто доживуваат сексуално или физичко насилство од клиенти, партнери или други луѓе. Од друга страна оние кои на тоа не се изложени, 50 отсто помалку се заразени со ХИВ и други полово преносливи болести и 30 отсто поретко практикуваат секс без презерватив.

– Потребна е итна декриминализација на проституцијата, вели Пипа Гренфел, коавторка на студијата.

– Од проститутки во Франција и во Ирска слушнавме дека нападите се зголемени откако клинетите се криминализирани, вели таа.

Коронавирус