среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 1
home Вести

Студија која потврдува како се уништува коронавирусот

Студија која потврдува како се уништува коронавирусот

Судејќи според новата студија, сончевата светлина го уништува новиот коронавирус, со што се дава надеж дека ширењето на вирусот би можело да биде побавно во текот на летото.

Ова го изјави Вилијам Брајан, советник за наука и технологија во САД, пред новинарите во Белата куќа. Научници кои работат за владата заклучиле дека ултравиолетовите зраци имаат моќни последици по вирусот.

„Нашето најважно забележување досега е моќната улога што ја има сончевата светлина во уништувањето на вирусот на површините и во воздухот. Забележавме слични ефекти и од растот на температурата и влажноста, кои генерално се неповолни за вирусот“, изјави Брајан.

Американскиот научник смета дека летните услови ќе создадат услови за намалување на присутноста на вирусот. Меѓутоа, тој предупреди дека намалувањето на ширењето не значи дека патогенот целосно ќе биде елиминиран и дека мерките за социјално дистанцирање треба целосно да се укинат.

„Би било неодговорно од нас да кажеме дека сметаме дека летното време во целост и трајно ќе го уништи вирусот и дека луѓето треба да ги игнорираат препораките“, додаде тој.

ЕУРО 2020

Македонија