петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Студија: Добра вест за лицата кои прележале коронавирус, еве колкав е ризикот пак да се заразите 

Студија: Добра вест за лицата кои прележале коронавирус, еве колкав е ризикот пак да се заразите 

Луѓето кои го прележале Ковид-19 имаат 91 процент помал ризик од инфекција во следните седум месеци, покажува студијата на Медицинскиот факултет во Грац, објавена во European Journal of Clinical Investigation.

Тоа ниво на имунитет е само малку пониско од оној што го дава вакцината на Фајзер/Бионтех за која се покажа дека е ефикасна 95 проценти.

Ова значи дека претходна инфекција со коронавирус создава скоро исто ниво на заштита како и вакцинираните лица, барем за пократок период, според студијата спроведена во Австрија, јави ДПА.

Студијата проучуваше како луѓето кои биле заразени во првиот бран на инфекција, од февруари до април, поминале во вториот бран од септември до ноември.

Во споредба со остатокот од населението во Австрија, тие имале значително посилна отпорност на инфекции.  (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија