петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 194
home Вести

Студентка се качила во возило мислејќи дека е такси, по неколку часа е пронајдена мртва (ВИДЕО)

Студентка се качила во возило мислејќи дека е такси, по неколку часа е пронајдена мртва (ВИДЕО)

Америкснска студентка Саманта Џозевскон, влегла во непознато возило,мислејќи дека е убер (такси кое е поефтино од останатите) по што и се губи трага, а после 24 часа потрага е пронајдена мртва.

Саманта е последен пат видена во два наутро како си заминува дома од кафуле во кое била со пријатели.

Влегла во автомобил мислејќи дека е Убер кое претходно го повикале таа и нејзините пријатели.

Меѓутоа автомобилот кој таа го нарачала пристигнал подоцна и откажан е бидејќи девојката не се појавила.

Кога семејствотоо и пријателите не стапиле во контакт со неа веднаш ја известиле полицијата, а надзорните камери ја снимиле кога таа влегува во автомобилот. Засега не е објавено што и се случило ниту каде е пронајдено нејзиното тело. Од компанијата Убер советуваат кога граѓаните повикуваат возила, да проверат дали се работи за нивно возило и возач кој претходно го праќаат на порака, каде се наведени фотографија од возачот и број на регистрација на возилото.

Коронавирус