сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 89
home Вести

Студениот бран ја однесе првата жртва во Романија

Студениот бран ја однесе првата жртва во Романија

Температури под нула степени Целзиусови денеска беа регистрирани на многу места во Романија, а како последица на студеното време почина еден планинар.

Романските синоптичари соопштија дека утринава во градот Миеркуреа Чук, е регистрирана температура од минус 3,8 степени Целзиусови. За утре тие најавуваат уште постудено време.

Властите соопштија дека 22-годишен планинар починал од хипотермија во болница во централна Романија.

Портпаролот на болницата во Сибиу информира дека планинарот бил донесен во бессознание со тешка хипотермија и срцев удар.

Раководителот на планинарските спасувачи Сабин Корне изјави дека никој не очекувал такво „сурово и турбулентно време“.

Ваков студениот бран е невообичаен за Романија во овој период од годината.

Коронавирус